Шеесет и едно годишниот нов стратег на Барселона има многу интересно портфолио. Во минатото работел на разни места, а најинтригантно е што бил дури и селектор на репрезентацијата на Русија во фудбал на плажа.
Барселона реши и отиде до крај - сред сезона го отпушти тренерот Ернесто Валверде и набрзо назначи негов наследник. Станува збор за интересен човек чија фудбалска филозофија е доста почитувана во Шпанија.
Во првенство на земја каде играат технички најпоткованите фудбалери во Европа, да имаш најголем посед на топка значи дека треба да си тренерски магистар. Кике Сетиен е магистарот на Бетис.