Чешка преку драматични пенали после 20 години отиде на Светско!

Чешка е еден од последните патници на Мундијалот 2026 откако синоќа ја совлада Данска на пенали. Во основниот дел беше 2:2 со два гола кои паднаа дури во продолженијата. Чесите во само неколку дена на пенали ја победија прво Ирска па сега и Данска.

Домаќините во Прага на два пати имаа предност, но тврдите Данци кои претходно ја исфрлија Македонија од полуфинале на баражот со 4-0, на два пати се враќаа во игра.

Шулц го израдува секој Чех на светов уште во 3' минута со погодок за водство. Чесите водеа дури до 72' минута кога израмни Јоаким Андерсен од Фулам.

Се стигна до продолженија а таму Чесите повторно поведоа во 100' минута преку Крејчи. Кога сè беше спремно за славје во Прага, Хег, високиот центарфор на Бодо Глимт во 111' минута.

Конечни 2-2 на крајот и се прејде на пенал драмата. Чешка и во вторникот играше против Ирска на пенали во полуфинале. А славеше и тогаш, и сега во финале против Данска.

За домаќините погаѓаа прецизно Чори, Сучек и Садилек а промаши Крејчи. Кај Данска промашија дури тројца фудбалери: Хојлунд, Дрејер и Јенсен а погоди само ветеранот Ериксен.

Чешка на Мундијал 2026 ќе биде во група А со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја.

 

1 април 2026 - 09:09