Челси ги скроти турските „лавови“

Четата на Мурињо без поголем отпор успеа да го совлада Галатасарај, а Реал Мадрид рутински го одработи реваншот против Шалке за пласман во четврфиналето на Лигата на шампиони.

Челси - Галатасарај 2:0
Ето 4, Кејхил 42

Челси си ја заврши работата уште во првото полувреме. Најпрвин Ето го совлада Муслера по асистенција на Оскар, а пред крајот на првиот дел домаќините дојдоа и до втор гол преку Кејхил.

Реал Мадрид - Шалке 3:1
Роналдо 22, 74, Мората 75- Хугланд 31

Реал Мадрид пак работата си ја заврши уште во Германија, па на реваншот Анчелоти се одлучи за комбиниран состав. Гостите се држеа до првото полувреме, но на крајот Реал славеше со 3:1. Стрелец на два гола беше Кристијано Роналдо кој четврта година година по ред дава најмалку по 50 гола.

18 март 2014 - 22:47