Бизарната поврзаност на клубот Авелино со смртта на Папите

Фудбалскиот клуб Авелино 1912 од јужна Италија повторно се најде меѓу ударните вести од светот на фудбалот, не само поради долгоочекуваниот пласман од трета во втора италијанска лига Серија Б, туку и поради една необична мистерија.

Авелино 1912 е скромен клуб од јужна Италија чии навивачи важат за едни од најверните и најжестоките на Апенинскиот полуостров. После цели 8 години повторно се враќаат во втора лига.

Во саботата Авелино победи 1:2 на гости кај Соренто и во моментов е прв на табела со 8 бода повеќе од второпласираниот тим во Серија Ц. Доволно за сигурен пласман во Серија Б и огромно славје на плоштадот во градот каде играчите дошле со отворен автобус.

Но дента кога победија против Соренто и славеа пласман, од Ватикан стигна веста за смртта на Папа Франциско кој почина на 88 годишна возраст.

Оваа вест повторно поврза една неверојатна симболика - тоа е шести пат во последните 70 години пласман на Авелино од понизок во повисок ранг да се поклопи со смрт или абдикција на Папата. Неретко во ист ден.

Италианските медиуми а особено народот од Кампања кој важи за посуеверен регион од останатите, се почесто зборува за таканареченото „проклетство на синкроницитет“ - односно феномен кој поврзува смрт на Папа со успесите на клубот Авелино.

ХРОНОЛОГИЈА:

1. 1958-ма: Авелино влегува во четврта лига - починал Папата Пиј XII

2. 1963-та: враќање во Серија Ц - починал Папа Иван XXIII

3. 1978-ма: прва и единствена промоција во Серија А во клупската историја - починале Папа Павле VI и Папа Иван Павле I (на престолот бил само 33 дена)

4. 2025-та: пласман во Серија Б - почина Папа Франциско.

Иако е јасно дека станува збор за чиста коинциденција, бројките им го засилуваат впечатокот на оние кои се занимаваат со вакви тривијални занимливости.

Во јануари 2025-та година токму Папата Франциско на официјален прием ја примил делегацијата на клубот Авелино во Ватикан, ги благословил и потпишал дрес на Авелино. Папа Франциско важеше за голем љубител на фудбалот и страствен навивач на аргентински Сан Лоренцо, и самиот од Аргентина.

23 април 2025 - 10:50