
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед е оформен во 1878-та година под името Њутон Хит според истоименото предградие на Манчестер. Клубот бил оформен од одделението за вагони на локалната железница од Јоркшир и првите години тие играле натпревари само против останатите одделенија во железницата.
Во 1902-та година клубот бил на работ на банкрот. Капитенот на Њутон Хит, Хери Стафорд организирал настан за собирање на средства, а на настанот го земал и својот бернандинец Мејџор. Околу вратот на бернандинецот тој закачил кутија и го пуштил кучето да шета наоколу, а насобраните луѓе ја полнеле кутијата со парички.
По некое време кучето се изгубило, но било вдомено од едно мало девојче. Таа била ќерка на локалниот бизнисмен Џон Хенри Дејвис кој пројавил желба да го откупи бернандинецот за својата ќерка.
Капитенот Стафорд не сакал да ги продаде својот миленик, но успеал да го убеди Дејвис да вложи 500 фунти во фудбалскиот клуб и да го спаси од банкрот, а за возврат да го задржи бернандинецот.
Тој момент ја смени историјата на клубот. Џон Хенри Дејвис не само што го спасил клубот од банкрот, туку станал претседател на клубот, ги сменил боите од златна и зелена во црвена и бела и го сменил името. На 24 април 1902-та година се роди Манчестер Јунајтед.
Бернандинецот бил маскота на клубот се до 1906-та година, но Мејџор ќе остане запаметен како маскотата која ја промени историјата на клубот.