Некои навивачи во Италија после овој срамен чин бараа од селекторот Гатузо да не го вика Бастони на списокот за мечот со Босна и Херцеговина. Шефот на судиската комисија во Италијанскиот фудбалски сојуз Џанлука Роки изјави дека Бастони одглумил и дека црвениот картон бил погрешна одлука.
Главниот судија Ла Пена беше пратен на ладење на два месеци.
Стоперот на Интер му се извини на Калулу после неколку дена но Французинот рече дека тоа не го интересира.
Синоќа Алесандро Бастони доби директен црвен картон на мечот со Босна и Херцеговина и ја остави Италија на цедило со играч помалку цел втор дел:
Италија водеше 0-1, потоа со играч помалку прими гол за 1-1 и испадна на пенали.