Бандата на Чоло Симеоне не ги скроти „топџиите“, Арсенал и Атлетико Мадрид ремизираа

По спектакуларниот натпревар со 9 гола меѓу ПСЖ и Баерн Минхен каде домаќинот славеше 5:4, за очекување беше дека средбата Атлетико Мадрид - Арсенал ќе биде потврда. Така и беше.

Натпреварот на „Метрополитано“ во Мадрид заврши со резултат 1:1 а двата гола паднаа од пенали. Прво Арсенал поведе во 44' минута од пенал преку Виктор Ѓекереш а израмни Аргентинецот Хулијан Алварез во 56' минута.

Реваншот од овој дуел се игра во вторник на 5-ти мај а подобриот ќе игра во големото финале против победникот од двомечот Пари Сен Жермен - Баерн Минхен чиј реванш е закажан за 6-ти мај во Минхен.

Шампионскиот пехар во Лига на шампиони го брани Пари Сен Жермен кој лани во Минхен го демолираше Интер со 5:0 во финалето.

 

30 април 2026 - 08:24