Контроверзниот напаѓач на Манчестер Сити вештините за изведување слободни удари очигледно си ги чува само за во потесно друштво. Од прецизноста на тренингот на Манчестер Сити се изненадил и мајсторот за слободни удари Александар Коларов.
Во една од сериите за вежбање удари од прекин, Балотели побарал да му биде поставен и “жив ѕид“ составен од Меси, Чави и Иниеста или поточно статуи високи колку тројцата ѕвезди на Барселона.