Баерн собра многу легенди и ветерани кои правеа шоу на мал фудбал

Баерн Минхен организираше турнир на многу легенди по повод јубилејните 125 години од основање на баварскиот гигнат. Во „САП Гарден“ модерната сала во Баварија се собрале многу поранешни и сегашни ѕвезди кои играа за Баерн Минхен, Милан, Реал Мадрид, Ајакс, Борусија Дортмунд и Штутгарт. До финале стигнале Баерн Минхен и Реал Мадрид а трофејот бил наречен „Бекенбауер Куп“.

На турнирот за Баерн Минхен настапиле:

Арјен Робен, Франк Рибери, Лотар Матеус, Марк ван Бомел, Рафиња, Том Штарке, Ханс Јорг Бут, Себастијан Руди, Томас Линке, Џовани Елбер, Клаудио Пизаро, Диего Контенто, Холгер Бадштубер, Пауло Серџо, Рајмонд Ауман и Рој Макај.

За другите екипи играле легенди како Икер Касиљас, Пепе, Карембу за Реал Мадрид, Дида, Рикардо Монтоливо, Сержињо за Милан, Рајан Бабел и Мартен Стекеленбург за Ајакс, Лукас Бариос и Младен Петриќ за Борусија Дортмунд, Кевин Курањи и Тимо Хилдебранд за Штутгарт.

Фото: сајт на ФЦ Баерн Минхен:

Форматот бил следен: во А група биле: Баерн, Реал и Ајакс, а во Група Б: Милан Глорие, Дортмунд и Штутгарт. Првите две екипи од секоја група отишле во полуфинале, а подоцна се играл меч за трето место и финале.

На крајот во финале ветераните на Баерн Минхен со 4-0 ги совладале ветераните од Реал Мадрид со кои некогаш водеа битки во Лига на шампиони.

Во финалето легендарниот Бразилец Џовани Елбер постигнал два гола, а по еден Рафиња и Марк Ван Бомел. Мајстории правел и Франк Рибери кои имал две асистенции за головите.

Дел од погодоците, мајсториите, дриблинзите:

Елбер направил магија пред голот на Икер Касиљас:

 

18 март 2025 - 08:42