Детето што собира топки кое се прослави на градското дерби помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, добро се покаја за своите постапки.
Иван стана познат со провоцирањето на Кристијано Роналдо, а следните денови продолжи да се прави фраер и да провоцира преку својот профил на Твитер, но подоцна се покаја.
Детето кое е дел од Атлетико Мадрид од својата 9-годишна возраст и е голем навивач на клубот, ги избриша сите пораки и испрати извинување, но за џабе. Атлетико Мадрид соопшти дека го ослободи од должностите.