Премиер лига и натаму изгор скапа

Сезонска карта за Јеовил и Ист Фајф поскапа од сезонската за Барса

Најновото истражување Цена на влезници од БиБиСи уште еднаш потврди дека најскапи карти, дресови и клупска опрема во Европа плаќаат навивачите на Арсенал, а ништо поевтини не се ниту послабо рангираните клубови во Англија.

И покрај тоа што цените на гледање фудбал во Британија останале горе-долу исти од лани, неколку факти од истражувањето Price of ticket (Цена на влезници) запаѓаат во око: Една е дека 70,15% од 700 анализирани влезници има мал пад на цената, а 51.91% од цените на картите останале исти.
 
Во секој случај, пишува Телеграф, работничката класа и натаму е надвор од фудбалските случувања поради енормно високите цени на карти. Една од поважните колумни е во врска со најевтиниот поединечен билет за дуелите од Премиер лигата.
 
Многу навивачи забележале зголемување на цените за влезниците, како оние на Евертон за 6%, на Манчестер Јунајтед за 14% и 20% поскапи за натпреварите на Вест Хем. Најскапи влезници за гостинските натпревари за возрасни има Челси со 47 фунти од поединечна влезница, а навивачите на Јунајтед гостуваат за 42 фунти по влезница. Само Ватфорд со 20 фунти и Вест Бром со 10 фунти имаат пристојни цени на карти за гостинските натпревари.
 
Најевтината сезонска влезница за натпреварите на Арсенал на домашен терен изнесува 1.104 фунти, а најскапата 2.013 фунти. Дури и најевтината карта за Емирати е далеку најскапа на секој клуб од Лондон.
 
Лондонските екипи во глобала имаат скапи влезници, па така Вест Хем е втор со најскапа поединечна карта која чини 95 фунти, Челси е трет со 87 фунти и Тотенхем со 81 фунти.
 
Покрај влезниците, ништо поевтино нема да ве чинат ниту дресовите на омилените клубови. Дресот на Манчестер Јунајтед од Адидас чини 60 фунти, додека целосна опрема изнесува 118 фунти. Дресовите на Сити од Најк, Арсенал од Пума и Тотенхем од Армур изнесуваат 55 фунти.
Од друга страна, останатиот европски фудбал и натаму има пристојни цени на картите во однос на стандардот на населението. Една од најскапите поединечни влезници од шампионите има ПСВ Ајндховен со 19,99 фунти што и натаму е поевтина од картата за натпреварите на англиските нисколигаши Мансфилд, Акрингтон или Јеовил.
 

Баерн Минхен може да го гледате за 11,19 фунти што е за 3,90 фунти поевтино од анонимниот англиски четвртолигаш Истлеј ФЦ. Ако сте во посета на Париз, ПСЖ може да го гледате за 15,55 фунти. Сезонска карта за Паркот на принцовите изнесува 2.096,50 фунти што е за 81,50 фунти поевтина од онаа сезонската на Арсенал.

Најевтината сезонска карта за Барселона на Камп Ноу изнесува околу 73,88 фунти што е поевтино од сезонските карти на сите клубови во првите четири лиги во Англија и Шкотска. Поединечна карта во Бундеслигата изнесува 11,19 фунти за Баерн Минхен колку што е и за натпреварите на Баер Леверкузен. Борусија Дортмунд може да ја гледате за 11,94 фунти. 

Од најевтини до најскапи сезонски влезници во Премиер лигата:
 

Најскапите поединечни влезници во Премиер:

Како изгледаат цените на најевтините и најскапите влезници и дресови ширум Европа;