Арапите до Велика Британија: Сурова казна кон Сити ќе го намали интересот за вложување пари

Одлуката на судот дека Манчестер Сити е виновен по сите 115 точки од обвинението за финансиски малверзации и затајување уште го разбранува Островот. Голем дел од јавноста бара драконски казни за трофејниот клуб од Манчестер, а се огласи и другата страна.

Судската одлука за Манчестер Сити може да влијае на односите на Обединети Арапски Емирати и Велика Британија.

Минатата недела се појави информација дека Манчестер Сити е прогласен за виновен практично по сите обвиненија поврзани со нарушување на финансиските правила на англиската Премиер лига - освен едно.

Во февруари 2023-та година Премиер лигата го обвини Манчестер Сити за 115 различни нарушување на финансиските правила во периодот од 2009-та до 2018-та година.

Тајмс подоцна напиша и дека не станува збор за 115 туку за 130 финансиски измами.

Претставници на властите во Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) ги предупредиле властите во Велика Британија дека суровоста на казната по делата за Сити може да ја намали нивната заинтересираност во реализација на идни големи проекти во Обединетото Кралство. Дејствијата на Премиер лига ги сметаат како фактор кој влијае на односот меѓу двете држави, соопштува City Xtra кој се повикува на Блумберг.

Во исто време претставници на британските власти биле непријатно изненадени од односот на колегите од ОАЕ, тие сметаат дека некои лица од власта во државата од Персискиот залив знаеле за финансиските малверзации кои му биле допуштани на клубот од Манчестер, дури и официјално тврделе дека немало никакво злонамерни дејствија од фудбалскиот клуб.

За инвестициското партнерство меѓу ОАЕ и Велика Британија ќе се расправа во пресрет на самитот закажан за крајот од октомври во Лондон. Британските официјални лица настојуваат да обезбедат нови обврски во поглед на инвестиции од ОАЕ.

Во рамки на првичниот петгодишен договор, суверениот фонд на ОАЕ кој го води претседателот на советот на директори на Манчестер Сити Халдун ал Мубарак, се обврзал дека ќе инвестира 10 милијарди фунти во британската индусрија, иако вистинскиот обем на инвестиции надминал и 30 милијарди фунти при што средствата се насочени кон клучните сектори на британското стопанство меѓу кои одбраната, медико-биолошки науки и технологија.

Сега се чека одлука во случајот со Манчестер Сити која отвора дипломатска затегнатост меѓу Обединетото Кралство и Обединетите Арапски Емирати. Инвестициите вредни милијарди фунти во моментов се загрозени иако обете страни се заинтересирани за продолжување на финансиското партнерство.

2 октомври 2026 - 11:48