Анчелоти се советувал со претседателот на Бразил дали да го вика Нејмар
Главна тема во бразилската јавност е дали селекторот Карло Анчелоти да го повика Нејмар на Светско првенство 2026 летово. Анчелоти не го стави на список фудбалерот на Сантос за последниот собир а прашање е дали ќе го вика за Мундијалот. Италијанецот се консултирал и со Лула, претседателот на Бразил.
„Му реков ако биде физички спремен, заслужува повик. Ако реално сака да оди на Светско, треба да биде професионален. Како Роналдо, Меси... Ако го викнат само поради името, тоа не трена, важно е да се докаже на терен“, му рекол Лула на Анчелоти.