Со голот на Душан Влаховиќ по само 4 минути игра, Јувентус ја совлада Аталанта на Олимпико во Рим и го прослави Купот на Италија број 15.
Натпревар по кој на насловните страни се најде Макс Алегри кој заминува од клубот во негов стил, со трофеј, но и со бес кон судиите.
Алегри експлодираше буквално во финишот од финалето кога требаше да се спрема за славје. Прво го совлече палтото, па вратоврската, а за реакцијата се разбира доби црвен картон.
56 годишниот стратег стана рекордер со 5 трофеи во италијанскиот Куп со што ги мина Свен Горан Ериксон и Роберто Манчини.
Заминува после два циклуса (2014-2019 и 2021-2024) во кои освои 12 трофеи или 5 Скудета, 5 Купови и 2 Супер Купови на 422 средби.
Пред него е само Џовани Трапатони и по број на трофеи (14 во 11 сезони) и по број на настапи (596).
Нервозниот Алегри на два пати го однесе Јувентус и во финалето на ЛШ, против Барселона (2015) и Реал Мадрид (2017).
Навивачите ќе го паметат по успесите во првиот мандат, бидејќи во вториот им го донесе само синоќешниот Куп.
Барем имаше кратко замена
Ooolè 🆙 Ooolè 🆙 Ooolè 🆙 #AtalantaJuve #CoppaItaliaFrecciarossa | @juventusfc pic.twitter.com/ir7HNxGlyL
— Lega Serie A (@SerieA) May 15, 2024