
По великаните Синиша Михајловиќ и Пеле, денес светот го напушти уште една легенда. Џанлука Виали.
Италијанецот во кариерата го носеше дресот на Кремонезе, Сампдорија, Јувентус (со бјанконерите освои Лига на шампиони во 1996-та) и Челси (клуб којшто подоцна и го тренираше исто како и Вотфорд).
Со репрезентацијата на Италија Виали играше на две Светски првенства, а беше и прв помошник на селекторот Манчини кога аѕурите триумфално прославија европска шампионска титула во 2021-ва кога ја покорија Англија среде „Вембли“.
Како играч со Италија освои бронза на Европско 1998-ма и бронза на Светско првенство 1990-та.
Во дресот на Сампдорија освои 6 трофеи меѓу кои и скудето во италијанското првенство како и Куп на куп победници. Со Јуве прослави 5 пехари меѓу кои Лига на шампиони и Куп на УЕФА. Како играч на Челси освои 4 трофеи меѓу кои Суперкуп на УЕФА.
Роберто Манчини во само неколку дена остана без своите можеби најдраги и најблиски пријатели, Синиша Михајловиќ и Џанлука Виали.
Со Виали, кој зад себе остави сопруга и две деца, се збогуваат многу европски клубови.