„Во таа ситуација се решив за тоа за да не губивме време и што е можно побрзо да му пружам помош на играчот. Понекогаш од спонтани дејствија излегуваат необични ситуации и овој момент стана еден од нив. За мене секој фудбалер од нашата екипа е важен и во слична ситуација би постапил исто независно за кој се работи“, рекол доктор Мамедов.
И претходно имал иста ситуација, на дуел од Купот на Азербејџан против Туран Товуз кога го кренал фудбалерот Охори во раце за да го изнесе од теренот и натпреварот да продолжи.