Овој заразен љубител на фудбалот од фиока извади тефтер на кој стои култната спортска прогноза 1X2. Ја делеа од Лотарија на Македонија каде покрај што се играше Лото и Бинго можеше да се типува и фудбал, бидејќи и тие држеа кладилници во тоа време.
Тефтерчето беше многу мераклиско, богато и разновидно. Кој го има си знае. Прво имаш календар од Серија А каде можеш да си водиш евиденција на резултати, само треба на него да закачиш пенкало и жглаб чувај си го во педерушата.
Во слободно време кога нема фудбал имаш материјал и за читање, а тоа се информации за секој клуб на трансфер пазарот.
Време во кое Лацио го водеше Ериксон на кој една сезона претходно му донесе титула, Милан беше под водство на Ѕакерони, Анчелоти во Јуве, Липи во Интер, а славниот Турчин Фатих Терим во Фиорентина. Таа сезона шампион на Италија беше Рома предводена од Фабио Капело.
Календарот не завршуваше само со италијанско, туку продолжуваше со ЛШ, ЛЕ и Светското 2002 кое се играше во Јапонија и Јужна Кореја.
И оваа ретро Википедија се чува и не се фрла колку и да си натпрупан дома со ствари, исто како оваа.