6-те гола на Канада против Катар

Канаѓаните покажаа одличен фудбал во 1. коло против Босна и Херцеговина и одиграа само 1-1. Но сега ги наплатија сите промашени шанси против Босанците, а сметка му стигна на Катар кој изгуби 6-0. Канада ја забележа една од највисоките победи во историјата на Светските првенства и со 4 бода веќе е во следна фаза. 

Но триумфот на Канада помина во сенка на тешката повреда која што ја доживеа Исмаила Коне од Канада по страшниот старт на Асим Мадибо кој доби директен црвен картон после гледање ВАР. Коне бил веднаш префрлен во болница и опериран а Мадибо дошол во неговата болничка соба да му се извини.

 

19 јуни 2026 - 11:05