Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен пристигнаа на Камп Ноу во Барселона со по две титули во рацете, освојувајќи ги националните првенства и куповите и атакуваа на триумф во Лигата на шампионите и освојување на тројната круна.
Тројната круна на Манчестер Јунајтед се чинеше недостижна кон крајот на натпреварот кога се ближеше крајот на регуларните 90 минути, а Баерн Минхен имаше водство уште од 6-та минута со голот од слободен удар на Марио Баслер.
Надлежните веќе го подготвуваа трофејот покрај теренот и почнаа да го декорираат во боите на Баерн Минхен.
Но следеше една од најдраматичните завршници во историјата на фудбалот.
Најпрвин резервата Теди Шерингам израмни на 1:1 во 91-та минута и кога сите се подготвуваа за продолженија, уште една резерва, Оле Гунар Солскјер по 120 секунди ги шокираше Баварците.