Off Topic

Феѓа Штукан: Паметните веќе немаат луксуз да молчат

Дојдовме до апсурд паметните да мора да се повлекуваат и да бираат зборови за да не навредат нечија плиткоумност и суета. Дозволивме алгоритмите да станат судии, а толпата што во животот не прочитала три книги да држи предавања за медицина, историја, космос и морал. Дигитални дивјаци, вооружени со тастатури и комплетно отсуство на срам. 

Продолжение на „Баталете мајки, шајки“

Иако мојата преставка се однесуваше на дел од плажите во Струга, Инспекторатот направил вонреден инпекциски надзор на целото струшко крајбрежје, проверил 36 локации и ниту една од нив немала Одобрение за урбана опрема. Станува збор за 36 локации без дозвола. Не е можно советот на општината да ја нема оваа информација.  

Трамп се прогласи за најголем

Трамп нормализираше многу глупоштини што во некои други времиња ќе нè шокираа. Замислете, на пример, Гордана Силјановска да објави топ листа на досегашни македонски претседатели на која себе ќе се стави како најдобра од сите. Баш тоа го направи Трамп, среде нерешен Ормуски теснец и рекордни цени на гориво. Ако после Трамп не го изберат Мики Маус, нема како „нормално“ да се продолжи оваа линија на лудило.

Не баш силно светнал БДП

„Луѓе, какви 35 години!“, ќе каже Џамбазов на почетокот на спотот по повод 35 години од независноста на Македонија, како најава за караванот „Силно светнал ден“. Убаво му доаѓа на човек да се потсети на промоцијата на македонските пари, голот на Шаќири, кошаркарите во Литванија, Тоше... сето тоа со „Насмеј се и главата горе“, на Ана и Игор Дурловски. Само што, тие 35 години не беа скроз за смеење. А главата (главно) беше горе зашто ако беше поднаведната, ќе си го видевме џебот.   

На Трамп со трамповска цевка

„Да коментирам диктатор кој е крал на банкротирањето?“, потпраша гувернерот на Онтарио Даг Форд кого Трамп претходно во свој стил го испонавреди и го нарече лакеј и подлизурко. „Трамп е силеџија, од оние што ги познаваме од школо, што ќе ти ја изедат ужинката и ќе ти ги украдат парите, тоа е последниот чиовек од кој би примал совети“ со иста мерка возврати Канаѓанецот. 

Ако може вака, Скопје е веќе спремно

Пловдив беше Европска престолнина на културата во 2019 година, заедно со италијанска Матера. Имаа амбициозна програма „Заедно“ со над 320 проекти, околу 600 настани: изложби, театар, фестивали, концерти, улични уметности, проекти за интеграција (особено за ромската заедница во квартот Столипиново). Но, откако рефлекторите ќе се угасат а културата ќе си ги собере парталите, ќе останат само парталите. И Столипиново.

Некои нови клинци

До пред неколку години, кај заападната младина доминираа (или барем беа најгласни) оние офтики кои делуваа како морална полиција па пазеа на секој збор, да не е навредлив кон некоја заштитена мечка на воукизмот. Изгледа се смениле работите. Такер Карлсон коментира вирален клип со менаџерка за недвижнини која фати да ги тупи копиљаците со општи места од типот „Вештачката интелигенција е иднината.“ Ја истролаа на лице место.   

Има работа на кој му се седи

Ако барате работа или активност која нема да го подига вашето ниво на стрес и кортизол, угледајте се на Британецот Семјуел Вилмот. Шета по државата и ги оценува клупите. Ќе седне на клупа и ќе види како му е и каков мерак му прави. Тврди дека зема предвид повеќе фактори, како што е комфорот, погледот, има ли потпирач за раце и општиот „вајб“ на клупата. Досега не дал чиста десетка.

Три минути

Сведоштво на странец кој се возел со воз во Јапонија. Имало некој проблем па возот застанал на многу кратко меѓу две станици. Дури тогаш почнале изненадувањата за овој патник. Следувале извинувања, соопштенија, сертификати со потпис и со печат. Пријатели му објасниле, во Јапонија, да се стигне на време не значи да се стигне отприлика на време. 

Француско извинување за воукизмот

Завршивме во цивилизација која повеќе не знае како да каже дали жената е жена, дали нејзината сопствена историја вреди да се брани, дали постојат заслуги, дали вистината може да се разликува од мислењето. Цела генерација научи да деконструира и никогаш не научи да гради. Научи да се сомнева а не знае да се восхитува. А сè започна кога неколку француски идеи го препливаа Атлантикот.

Твитер „уметници“ го исплукаа Моне

Баш речит социјален експеримент: човек понудил фотографија од вистинско дело на импресионистот Моне, но притоа кажал дека се работи за слика „во стил на Моне“, изработена од вештачка интелигенција. Замолил да му кажат зошто ВИ сликата е инфериорна во однос на оригиналот. Потрчаа „зналци“ да објаснат и да го демонстрираат своето велелепно незнаење, подржано од желбата за „не може мене ВИ да ме прелаже“ курчење. 

Чоколадо се јаде на раат

Со таа идеја, КитКет дизајнирале „Break Mode“, посебна амбалажа која освен што го носи нивното чоколатце, станува затвор за вашиот мобилен. Внатрешноста на пакувањето е обложена со слоеви на бакар и никел кои создаваат Фарадеев кафез, што значи дека вашиот мобилен, кога е внатре, не добива никакви сигнали (повици, нотификации, интернет, блутут...). Со други зборови, физички го заклучувате вашиот дигитален свет за навистина да сте на раат.

Трамп: Имаме лек кој дига од мртви

Човекот толку често го шокира светот што и една ваква негова изјава помина речиси незабележано. „Земавме луѓе што се мртви“, кажа Трамп на рутинска прес конференција. „Имавме еден човек кому му беа направени сите последни обреди, отиден, децата плачеа и сето тоа... и почнавме да му даваме од лекот. Му стана подобро. Ова функционира!“. Како тоа мислите не е можно да го кажал тоа?

Една слика, илјада тони бомби

Пеколот во Газа веројатно е најголемиот злостор кое човештвото го видело (или се правело дека не го гледа) после Втората светска војна. Она што на почетокот се чiнеше како разбирлива реакција на Израел по упадот на Хамасс на седми октомври 2023 година, постепено се претвори во невиден и систематски масакр и намерно претворање на Појасот во простор во кој нема да може да се живее. 

Иднината на „Безбеден град“

Некогаш Америка и Јапонија ни покажуваа како ќе изгледа технолошката иднина, во последно време тоа сè почесто го прави Кина. Во неколку градови, освен камери, имаат инсталирано и дронови кои автономно патролираат, пријавуваат гужви и удеси, регистрираат прекршоци и пишуваат казни. Во следен чекор има и да ги вооружат и да нè пукаат по улици. Сè ќе имаме, само Џон Конор ќе го немаме.

Честитка со продолжено дејство

Керолајн Левит лани на свои 27 години стана најмладиот прес секретар во историјата на Белата куќа. Неодамна, на први мај, вторпат се породи и доби ќерка. Пораки стигнувале од разни страни, една од нив многу неочкувана. Од Иран, преку нивната амбасада во Ерменија. Ѝ честитаа за бебето но и ја потсетија на нешто морничаво на што треба да помисли кога ќе ја бакнува малата Вивијана.

Ќе го отворале теснецот (кој и онака беше отворен)

Целите на криминалната агресија врз Иран никогаш не беа јасни но сега стануваат гротескни. Трамп се закануваше дека ќе ја збрише цела цивилизација, Биби го убеди дека режимот ќе падне само ако го убијат ајатолахот, ќе ги уништуваа нуклеарните капацитети (за кои лани викаа дека ги уништиле), ќе го земале збогатениот ураниум... По најново, главна цел на војната е да се врати состојбата која постоеше пред да тргнат во војна. Јако. 

Нора Џонс и Хери Мек? О, да!

Ги сакаме и двајцата. Ќерката на Рави Шанкар ја имаме објавувано во неколку наврати (види овде) а на мозокот на фристајл раперот кој важи за Моцарт на импровизациите уште не можеме да се изначудиме (види: Како работи тој мозок, побогу?). Иако се бават со навидум неспоиви жанрови музика, заедно си одговараат како патлиџан и босилек.

Во маркетингот е вистината

Го одбрале најевтиното вино кое можеле да го најдат во супермаркет. Некој шкарт од три евра. Го ребрендирале давајќи му звучно име „La Chateau Colombier“, смислиле приказна околу него, му направиле фенси етикета, нашле сомелиер кој напишал рецензија. И потоа го пратиле маскираниот шкарт на натпревар. Виното се вратило со 88 бодови и златен медал.

Филмски финеси за актери

Бидејќи малку снимаат филмови, македонски актери, форматирани на театарска глума, често имаат проблем да се „стишаат“ пред камера и се научени да играат на најјако (за оние од задните редови во театарот). Има и исклучоци (Владо Јовановски, на пример) но многупати таа театарска глума пред камера изгледа како преглумување, без финесите и нијансите кои се сосема доволни за камерата. Мајкл Кејн е тука да објасни некои работи.    

Кавијарот од главата мириса

Кавијарот е глобален луксузен деликатес со преку 2.000 годишна историја и потекло од Персија кој во Европа станува шема во 190от век. На пазарите знае да вреди и по неколку илјади евра, но кај што е скапо, има и фејкови. За лажен кавијар ви треба бујон од глава од риба (плус копар, бибер, ловор), изладен зејтин, боја, агенс за згуснување и - капалка. 

Фудбалско- филмска носталгија

Вонсериски добар Ви трејлер за фиктивниот филм "Italia '90 The Movie" со премиум холивудски кастинг: Том Круз како Гари Линекер, Дензел Вашингтон како Руд Гулит, Ник Нолти како Валдерама, Денис Квејд како Лотар Матеус... сето тоа во ретро атмосфера од 90-тите години.  Освен Дени де Вито, сè друго е пиц-пец.

Сите жени на претседателот

Уште на првиот атентат на Трамп (кога го цивнаа во уво) се разви дебата за ефикасноста на женскиот дел од обезбедувањето на претседателот бидејќи реагираа збунето и никако. Ама затоа на последниот атентат (во хотелот, кога не го ни цивнаа), овие врвни специјалки имаа шанса да  демонстрираат што значи мускулна меморија од сите оние јаки тренинзи и обуки.   

Кога би се однесувале како во кола

Познати ви се сите оние непријатни автомобилски ситуации кога некој ви се лепи од позади, кога нагазува свирка зашто се запалило зелено на семафор, кога друга кола ќе ве пресече или нема да ви дозволи да се вклучите во лента. Реакциите на таквите ситуации ни се чинат оправдани и органски, но како би изгледале истите тие реакции кога не сме во кола? 

Фер ли е, нефер ли е?

Без да влегуваме во лизгавиот терен на дебатата за тоа што е уметност а што само вештина, сакаме да ви покажеме две работи: како црта и што од тоа излегува кај прочуениот Пабло Пикасо и како слика и што од тоа излегува кај еден сенегалски дечко со име Боубоу Нианг.

Како Бенкси успеа да стави статуа среде Лондон?

„Ова го има правено екипа која би можела да постави сцена за концерт на Металика за 24 часа“, велат познавачи за тимот на легендарно мистериозниот уметник кои успеаја под закрила на ноќта да постават статуа (со ефектно изведена порака дека знамињата можат да заслепат лидер) среде еден од најобезбедуваните делови на Лондон. Иако немаат дадено дозвола, советот на Вестминистер порача дека зазегаа немаат намера да ја тргнат статуата.  

Такер Карлсон растура

Такер Карлсон беше рекордер по гледаност и додека беше во Фокс Њуз, но, допрва ги урива рекордите, како што луѓето сè повеќе им вртат грб на меинстрим медиумите и се вртат кон гласови кои им се чинат независни и објективни. Особено откако Трамп ја вовлече Америка во војна во Иран против која Карлсон е толку против што и јавно се извини што едно време го поддржуваше Трамп. 

Немало и ќе нема како Трамп

Има 43 години, се вика Џафред Ајзекман. Замислете да сте милијардер, претприемач и пилот со преку 7.000 часови, вклучувајќи и летање со воени авиони, за подоцна да станете еден од првите комерцијални астронаути кои вршат приватна отворена „spacewalk“ во орбита за конечно, еден ден да станете и прв човек на НАСА. И како таков, да доживеете оној маалски силеџија од Белата куќа пред сите да ве понижува какви уши имате.

Ок сме, нема да заврши добро

И луѓе кои професионално ја покриваат војната во Иран признаваат дека не би можеле поефикасно да ја опишат од комичарот Џими Кар. Две поенти: ако се прашувате како да се врати состојбата како порано, прашајте се дали може да направите риба од рибја чорба. Второ, војната во Иран му покажа на светот дека ако не сакаш да те нападнат поголемите, мора да имаш нуклеарно оружје.  

Калории и пари

Многу сликовито и ефикасно споредување на тоа како изгледаат 4.000 калории. Од едната страна полна маса со секакви (здрави) јадења, на другата половина само една тегла. Добро, глупи ли се луѓето? Не, само што немаат сите луѓе пари да ги купат оние работи од полната страна на масата.