Илон Маск: На факултет не ве учат туку ве примитомуваат

Откако речиси секоја лекција, предавање и учебник може да се најде бесплатно бидејќи осум милијарди носат библиотека во својот паметен уред, монополот на знаењето се урна за само една деценија. Но, звучните имиња на високообразовните институции не ја ажурираа цената. За таа цена младите луѓе биваат тестирани дали можат да бидат послушни и да извршуваат домашни задачи без да прашаат зошто. На системот му треба да бидете примитомени. 

„Не ви треба колеџ за да научите работи. Сè е достапно, во основа бесплатно. Можете да научите сè што сакате - бесплатно“, вели Илон Маск.

Мисли на тоа дека практично секоја лекција, предавање и учебник денес може да се најде и види бесплатно на кој било монитор во која било земја на светот.

Целиот монопол на знаење се урна за само една деценија, но никој не ја ажурираше цената.

„Колеџите се во основа за забава и за да докажат дека можете да ги извршувате вашите домашни задачи. Но, тие не се за учење.“

Ако се тргнат настрана звучните имиња на високото образование, она што останува е четиригодишен тест за послушност. Може ли ова лице да следи упатства без да праша зошто?

„Постои вредност што ја имаат колеџите, а тоа е да се види дали некој може напорно да работи на нешто, вклучително и еден куп досадни домашни задачи, а сепак да ги извршува обврските.“

Тоа е вредноста на шестоцифреното студирање. Не она што го знаете, не она што можете да го изградите, туку дали можете да бидете управувани.

На естаблишментот не му треба да бидете образовани. Потребно му е да бидете припитомени.

Системот не произведува исклучителност. Тој произведува управливост. Ги зема најкреативните години од младите животи и ги учи да чекаат инструкции. 

Осум милијарди луѓе во џебот ја носат истата севкупна библиотека. 

Единствениот производ што универзитетот сè уште го продава е верувањето дека ви е потребен.

4 јули 2026 - 20:01