Што се мисли таа Каталонија?

Во Каталонија (формално, Шпанија) некој продава имот со куќа, лозје и пар дребулии. Цената е мрсничка, 825.000 евра, но, почекајте ви кажеме што сè следува во таа цена па подоцна сами направете споредба со цените во Скопје и другите наши „велелепни“ средини.

За таа цена се добиваат осум хектари на приватен рид на чиј врв се наоѓа голема камена куќа од 18-от век. 

Четири спални соби, базен, соларни панели и сопствен бунар за вода.

Локацијата е на два часа возење до Барселона.

2,5 хектари се лозје, остатокот е борова шума, стари маслинови градини и бадеми.

Се работи за областа Приорат, еден од двата вински региона во Шпанија со највисока класификација (DOQ Priorat). Другиот е Риоха.

Едно шише L'Ermita, направено неколку села понатаму од имотов, се продава за околу 1.800 долари. Со наведените пари купувате 8 хектари земја во истиот драгоцен вински регион.

Ама не, златна Кисела Вода...

 

 

 

 

 

26 јуни 2026 - 12:58