Кон крајот на 1960 година, оперативец на ЦИА се обидел да поткупи и регрутира еден од главните луѓе не безбедносните служби на Сингапур, за да обезбеди доверлив извор на информации за локалните активности, во време кога се стравува од комунистичко влијание во земјата.
Агентот на ЦИА бил фатен на дело, уапсен и операцијата била разоткриена.
За да се заташка случајот, ЦИА праќа специјален емисар во Сингапур кој на премиерот Ли Каун Ју му нуди 3,3 милиони долари (огромни пари во тоа време), сака лично, сака за партијата.
Не сака. Премиерот им праќа контра предлог: САД легално да дадат 33 милиони долари како економска помош за Сингапур.
Пет години подоцна тој решава целиот случај да го извади на виделина. Американскиот Стејт Департмент веднаш го демантира случајот и соопштува дека се работи за измислица.
Така ли?
Премиерот итно свикува прес конференција и дава ултиматум: ако САД продолжат да го негираат случајот и да сугерираат дека тој лаже, ќе ги извади сите документи и снимки пред целата светска јавност.
Америка брзо ретерира. Ги признаваат фактите преку сторија на Њујорк Тајмс („Американски извори го потврдуваат обвинението во Сингапур за заговор на ЦИА од 1960 година“) во која експлицитно се наведува операцијата на ЦИА, понудата за поткуп од 3,3 милиони долари на Ли, неговото контра барање за помош од 33 милиони долари, првичното негирање и подоцнежното признание.
Наравоучение?
Види го насловот.
*******

Ли Куан Ју (1923–2015) се смета за основач на современиот Сингапур. Беше првиот и долгогодишен премиер на земјата (од 1959 до 1990 година) и во рок од една генерација го трансформираше Сингапур од сиромашна, ограничена со ресурси британско колонијално гранапче (со БДП по глава на жител од околу 500 долари во 1965 година, висока неписменост и невработеност) во една од најпросперитетните и најразвиените нации во светот.