Митбастерс: Осумчасовно спиење

Најголемата лага која упорно циркулира наоколу не е за храната или за медицината. За спиењето и сонот е. Осум часа спиење во едно парче се боготвори како златно правило и повеќето луѓе мислат дека будењето среде ноќ значи дека нешто не е во ред со нив. До кортизолот е, до стресот е, кликни за да ти продадеме мелатонин или апликација.

Не секогаш луѓето спиеле како што спиеме денес.

Пред индустриската револуција и електричното осветлување, често се спиело сегментирано - спиење во две полувремиња со буден интервал меѓу нив.

На капитализмот забревтан од индустриската револуција не му врши работник со такви навики. Му врши работа некој што кога ќе дојде на работа, ќе биде способен да истера цела смена на фабричка лента или што и да е. 

Митот за осумчасовно непрекинато спиење е раширен благодарејќи на рекламна кампања од 1938 година, зад која стоела компанијата за продажба на душеци, Simmons Beautyrest.  

Пред тоа, многу често било двофазно спиење: четири часа спиење, два часа будност и вршење работи, четири часа доспивање.

Во тие два часа, луѓето успевале да обават многу работи од нивниот живот: да се посексаат, да нахранат животни, книга, молитва, кафе, цигара... 

На некои од најголемите креативци на сите времиња, тие неколку часа им биле прајм-тајм.

Шекспир повеќето дела ги има пишувано меѓу еден и три ноќе.

Моцарт има пишувано цели симфонии во тие интервали кои ги нарекувал „божји часови.“

А потоа дошла индустриската револуција на која ѝ биле потребни работници со фиксен распоред. Не можеш да држиш фабрика со луѓе кои ти спијат „двофазно.“

Уште во 1817 година велшкиот реформатор Роберт Овен го смислува слоганот „8 часа работа, 8 часа одмор, 8 часа рекреација“ кој му одговара и на работничкото движење во неговата борба за почовечки услови во Индустриската револуција. Подоцна ја зацврстува психологот Натаниел Клејтман кој се смета за „татко на модерното истражување на спиењето“ па во кампања ја презема и спомната компанија за душеци. 

Денес тие продуктивни часови будност меѓу две спиења се прогласени за пореметување и се сметаат за „несоница.“  

Сонот и спиењето не служат само за продуктивноста туку за многу поважни функции на секој систем во телото: здравјето на мозокот, хормоните, метаболизмот. имунолошката функција, долговечноста....

Спиењето е многу посложено од едноставно броење часови. Удрете на квалитет и ако ви е ќеиф, разбудете се во никое време. Сите спијат и е раат што значи дека божјите часови се само ваши. 

8 јули 2026 - 09:25