Некои луѓе тврдат дека Алекса Чанг денес е она што беше Џејн Биркин во '60-ти, и ич не се далеку од вистината. Некои луѓе тврдат и дека Лиса Елдриџ е едно од најголемите богатства во светот на шминката и скроз се во право. Е па, двете прават мејкап туторијал.
Кога се работи за новогодишните одлуки и желби, луѓето или инсистираат на нив, или гласно ги критикуваат. Од една страна, ваквите одлуки креираат структура за луѓе кои имаат намера да се подобрат самите себе; од друга - често не функционираат.
Кај Џес Едвардс, новинарка од Космополитен влегува девојка што заработува од средување. Баш така, средување, не чистење, не помагање, туку decluttering, расчистување од непотребности. И еве што се научува од тоа.
Принцезата Емили од Нетфликс филмот A Christmas Prince не е обична принцеза - случајно е во количка, ама храбра е, глуми во претстави, се пушта по тобогани и се закача со владини работи на фиктивната земја Алдовија. Како лик е супер, филмот како филм е лимонада, ама доволно забележлив да му се закачат за еден детал.
Архитектката Серен Бингол живее во Челзи веќе шест години. Во еден момент решава да бара нов стан и проаѓа некаде меѓу 150 и 200 станови, за на крај да најде студио од 92 квадрати и 4 метри високи тавани, во зграда во Тудорски стил - и знае дека е тоа - тоа.
Годинава излезе едно незгодно истражување што откри дека осаменоста е полоша од 15 цигари дневно и полоша и од гојазност. И дека младите се посклони на депресија од повозрасните граѓани.
Романтични комедии отсекогаш биле бегство од реалноста, со тие пријатни клишеа, прочистени од скршени срца (добро, кратко имаш скршено срце, па после одма бркање по аеродроми и слично), и во 2018-та се вратија на голема врата иако жанрот се сметаше за мртов после толку многу ужаси со Кетрин Хејгл во главна улога.
Брадата одамна не е само за запуштени, или дедовци или моторџии. Денес е модерна. Само едно не е сменето уште од времето кога сељаците се плашеа од металци: мажите се позгодни со брада.
Порано се правеше за важен настан: се купуваше нешто скапо, се криеше етикетата, па се враќаше наредниот ден. Така бар сме виделе на филм. Денес се прави истото, ама за Инстаграм.
Еднаш неделно обавезно мора статија за инклузивност да добие вирален статус. Со оглед на тоа колку е застапена модата секаде на интернет, природно е таа статија да содржи нешто од типот на „ставете дебели внатре”. А инклузивност не значи само „ставање дебели.”