Здрави односи со луѓето нѐ прават посреќни, па околина каде што сме постојано игнорирани може да има негативно влијание во однос на мислењето за себе и за другите. Сепак, да земеме воздух и да се спремиме за самокритика - можно е да имаме навики што нѐ прават „задња рупа на свирали“?
Колку реално вам ви се разговара и ви се слуша човек што вас никогаш не ве слушал, или бетер - што нонстоп зборува само за себе? Ако сте виновни за овој престап, треба да ви биде јасно дека на луѓето не им одговара да ве слушаат само вас и вашата гледна точка. Можеби затоа ве оставаат на seen.
Уште една работа што се признава со потешкотии е - ги критикувате другите и тоа премногу. Можеби првото што ќе ви падне напамет е дека е „со најдобра намера“, ама има граници на тоа. Ако секогаш кога некој ќе донесе нешто ново имате еден тон паметувања за кажување на таа тема, зошто да споделуваат луѓето со вас, кога и онака ќе им кажете „фино тоа, ама не си требал да…“ Поарно ќе си ќутат.
Ќе ве игнорираат и ако сте постојано негативни и се жалите.
Сепак, меѓу потешките причини што луѓето ве игнорираат е - вашето присуство, тесно врзано со самодовербата. И за среќа, и за ова има чаре.