Како станов?

Многу е фино кога луѓето се вложуваат себеси во својот ентериер. Не само со време и средства, туку со карактер и аспирации, па да можеш кога ќе им го видиш станот да створиш мислење за нив, без разлика што не ги познаваш. Таков е станот на Леандра М. Коен.

За волја на вистината, девојката е одамна отворена пред светот преку блогот, плакарот, преку интервјуа и краткометражни и долгометражни текстови.

Нејзиниот блог често ѕирка во туѓи животни простории, и овој пат го има пуштено дома. Нејзиниот стан не е убер-допадлив како претходниот што го имаа на сајт, ама па е многу нејзин. Од дизајнирање на тапет, до желба да го смири сопствениот колорит со тежнеење кон минималистички, накај скандинавски дизајн, до едноставноста на ѕидовите во собата на нејзините две близначки.

Човек да се подзамисли, овие шарени работки ги спремаат специјално затоа што доаѓа камера, или најсериозно имаат осет колку е интересно на масичка во ходник да имаш три предмети во секоја основна боја? Никогаш не ги растураат тие стапчиња?

И вие ли вака имате идеја да ги средите книгите по боја? Или по што и да е? А баш делува како сопственичката да не е тип што ќе средува книги по боја. Може да е сепак за сликање.

На што мислела кога уредувала?

На почетокот, мислев дека сакам скандинавски, минималистички вајб. Така ми се чинеше, затоа што личниот моден стил ми е шаренолик и гласен, па живеењето во простор што е тивок и едноставен ќе ми биде олеснителен контраст, но веројатно од оваа кожа не може многу далеку - налетував на секакви ствари што морав да ги измешам и некако функционира едно со друго. Сега кога ќе размислам, веројатно комшилукот ми го инспирираше стилот на уредување. Не знае што, но токму тоа е! Сфаќаш? Не? Добро.

За маалото ми се допаѓа што не му е јасно баш што е. Но како резултат, речиси и да се дефинира по таа карактеристика на несигурност. Не сум сигурна до крај дали влијае на мојата домашна естетика, но можно е да ми помогна да најдам психолошка и филозофска сигурност во несигурноста.

Се наоѓа на раскрсницата на Сохо, Кинескиот кварт, Мала Италија и Нолита, во Њујорк. Затоа е и проблематично за дефинирање.

На прашањето каде наоѓа инспирација за ентериерот вели: „Во позадината на селфиња направени во огледало.”

Замисли тоа да ти текнува!

А еве кај бебињата:

Ви текнува? Трапаво нацртани, филмски њујоршки згради? Или париски? Како и да е, предизвикува чувство на една бебешка урбаност и издава дека се тоа бебиња што првите чекори ќе ги прават на асфалт наместо во трева.

И уметност. Среќни се луѓето што можат да изберат уметност што го осветлува станот, без разлика во кои бои е.

извор

13 септември 2018 - 14:01