- Кога во СФРЈ се правеле анализи за изградба на научна астрономска опсерваторија, од пет можни погодни локации (во зависност од метеоролошки услови и светлосното загадување) на целата територија, четири се наоѓале во Македонија.
- Одамна бил почна да се гради објект на Зајчев рид, ама бил оштетен од земјотресот. Имало иницијатива и за Кале како и за изградба на научно-популарен комплекс на врвот на Водно.
- „Претставниците на Градското собрание и самиот тогашен градоначалник Ристо Пенов беа воодушевени од идејата, но откако по 3 месеци безуспешни обиди за стапување во контакт и придвижување на работите, самиот градоначалник излезе во јавност со објава за почеток на нивниот „генијален” проект – Милениумскиот крст“.
- Законски се гарантира право за бесплатно внесување на еден личен предмет во авионот, ако се работи за мал ранец, чанта или торба за лаптоп со максимални димензии од 40 × 30 × 15 сантиметри (и волумен до 18 литри), под услов предметот да може да се смести во просторот под седиштето пред патникот.
- Ова право е безусловно и мора да биде овозможено бесплатно, без оглед на видот на купениот билет или авиокомпанијата со која се патува.
- Со новото правило се изџбегнува праксата на „drip pricing“ при која првично се прикажува ниска цена на билетот, а потоа, во текот на процесот на купување, се додаваат задолжителни дополнителни трошоци.
- Од друга страна, стандардните поголеми рачни багажи со тркалца (55 × 40 × 20 сантиметри) не стануваат автоматски бесплатни за сите видови билети но изрично се бара овие трошоци да бидат јасно и однапред обелоденети, со што се осигурува дека за патниците нема да има изненадувања во моментот на качување во авионот.
- „Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ. Една од тезите со која Филипче ја манипулира јавноста дека бугарското барање за уставни измени не носи ризици по националниот идентитет е тврдењето дека преговарачката рамка гарантира дека македонскиот јазик ќе стане и еден од службените јазици на ЕУ. Ова е голема манипулација која има за цел да создаде чувство на лажна сигурност и обид политички да се покрие грешката со која владата на СДСМ го прифати бугарското билатерално прашање како составен дел од „францускиот предлог”, пишува Антонио Милошоски.
- Ја наведува последната стратегија ‘Preparing for a wider Union’, каде се нагласуваат членот 55 од Договорот за ЕУ и чл.342 од Договорот за функционирањето на ЕУ.
- Правилото е едноставно: официјалните јазици на институциите на ЕУ, без исклучок, се определуваат со едногласна одлука од страна на Советот на ЕУ!
- Тоа значи дека ЕУ може да добие нов службен јазик ако тоа биде побарано од земјата кандидат која преговара, но под услов ниту една земја членка да нема приговор/вето на таквото барање.