- Украинска парламентарка вели дека обраќањето на нацијата на Џо Бајден било „тотално разочарување“.
- Олександра Устинова вели дека во цела Украина возбудено се следел тој говор и се очекувала многу поконкретна помош, особено од воздух.
- Украина своевремено го поседуваше третиот најголем нуклеарен арсенал на светот. Во 1994 година го потпиша Меморандумот од Будимпешта во која големите сили (Русија, САД, Британија) ѝ ветија дека нема да биде нападната ако го расклопи нуклеарниот капацитет.
- Кутри Украинци и нивната верзија на приказната „Македонија и датумот“.
- Москва објави меѓународен налог за апсење на Павел Дуров, основачот на Telegram, поради „олеснување терористички активности“ против Русија.
- „Telegram не отстранил материјали кои украинските специјални служби, терористички и екстремистички организации ги користат за планирање и координација на саботажа и тероризам, масовни убиства и кибернетски измами на руска територија“, објави Федералната служба за безбедност. Обвинението носи максимална казна од 15 години затвор.
- Дуров го основа Telegram во Русија во 2013 година, но ја напушти земјата по судир со Кремљ и живее во Дубаи. Кога првпат беа поднесени обвиненија дека одбива да соработува со властите, тој рече дека Москва измислува изговори за да ја задуши слободата на говорот.
- И Франција води истрага против Дуров поради одбивање да предаде податоци од корисници на Telegram, обвинение поради кое веќе ја напушти Русија.
- Апликација за шифрирано допишување Телеграм денес има повеќе од 1 милијарда корисници и е широко распространета и во Русија и во Украина. Москва попусто се обидува да ја ограничи употребата на Telegram и ја промовира платформата MAX, поддржана од државата.
- Администрацијата на Трамп забрани за увоз на нови кинески хуманоидни и четириножни роботи, за да го заштити синџирот на снабдување од потенцијални закани за нарушување, кражба на податоци и сајбер напади, како и за да ја зајакне домашната индустрија.
- Забранет е и увоз на енергетски инвертори, уреди што овозможуваат на електричната мрежа да бидат поврзани батерии и извори на обновлива енергија.
- Ограничувањата важат само за новопроизведените роботи и инвертори. Федералната комисија за комуникации има право да одземе овластувања за продажба на модели кои веќе се на пазарот во САД.
- Хуманоидни роботи управувани од ВИ веќе се користат од фабричките хали до домовите, а инверторите се клучен елемент од центрите за податоци, кои масовно се градат низ САД.
- Забраната најсилно ќе ја погоди компанијата Unitree, светски лидер во областа на хуманоидните роботи која држи речиси една петтина од глобалниот пазар. Unitree неодамна склучи партнерство со Nvidia за користење на нивниот најсовремен чип Blackwell за роботите.