- Архитектонско урбанистичкиот проект (АУП) за изградбата на 87 луксузни куќи под Радика е донесен без согласност од Министерството за животна средина, со што се става под знак прашање законитоста на овој документ одобрен од Општината Маврово и Ростуше.
- „Радика ресорт“ одобрението за градба го добива врз основа на спорниот АУП. Одобрението е потпишано од Ќирко Џукоски од Одделението за урбанизам, кој подоцна станува општински градежен инспектор.
- Од Државниот инспекторат за животна средина изјавуваат дека сега општината треба да ги обезбеди сите согласности во спротивно потребно е да се поништат издадените одобренијата за градба. За сите градби околу езерото и каде што има водени текови, пред издавање на градежните дозволи треба да се побараат мислења од Министерството за животна средина.
- За „приватниот“ водоводен систем со кој сега стопанисува „Радика ресорт“, а поради што мештаните се бунеа дека често немаат вода за пиење или од чешмите им тече кал, Инспекторатот бара истиот да биде под контрола на ЈПКД „Маврово“.
- Талибанските власти дале нова директива жените во Авганистан да не бидат ословувани по име, туку по прекари.
- Здравствените работници во провинцијата Балх добиле насоки да ги запишуваат жените како „биби“ (баба) кога им издаваат рецепти за лекови.
- Лала Османи, авганистанска активистка која живее во Германија, изјави за „Ел Паис“ дека Талибанците ги ословуваат жените како „кози“ и „крави“. Во официјалните документи често пати се регистрираат според имињата на нивните мажи или татковци.
- Во многу делови на Авганистан, јавното спомнување на име на жена се смета за навреда за честа на нејзиниот сопруг или семејството, поради што имињата не се врежуваат ни во надгробните споменици.
- Ова се надоврзува на новиот кривичниот законик со кој на мажите им се дозволува да ги тепаат своите жени и се озаконуваат браковите со деца.
- Лидерот на австриската десничарска опозиција ги повика ЕУ и Австрија да ги депортираат сите нелегални мигранти во Украина кога ќе заврши војната со Русија.
- Би ги испратиле и Сиријците и Авганистанците, не само украинските бегалци кои беа згрижени низ Европа.
- Херберт Кикл истакнува дека на овој начин Киев би им се оддолжил на европските земји за обемната финансиска поддршка што ја добиваа од нив.
- „ЕУ и Австрија вложија стотици милијарди во Украина. Ако оружјето таму стивне, крајно време е да се бара нешто за возврат“, изјави лидерот на Партијата на слободата.
- Тој тврди дека Киев би имал полза од оваа шема, бидејќи Украина е соочена со демографска криза, а мигрантите би можеле да помогнат во повоената обнова на земјата.