- Колумбискиот десничарски сенатор и сериозен кандидат за претседателската трка идната година, Мигел Урибе Турбај, беше застрелан додека им се обраќаше на своите приврзаници во квартот Моделија во Богота.
- Најверојатно бил застрелан в грб и глава и веднаш пренесен во болница во која, како што пиша неговата сопруга, се бори за живот.
- Градоначалникот на Богота потврди дека осомничениот атентатор е уапсен а министерот за одбрана, Педро Санчез понуди награда од три милијарди колумбиски пезоси (715.000 долари) за информации кои ќе водат во идентификација на сите вклучени во заверата.
- 39 годишниот Мигел Урибе Турбај е десничарски ориентиран сенатор и влијателен член на опозициската партија Демократски центар, основана од поранешниот претседател Алваро Урибе (не се во крвно сродство). Тој е внук на поранешниот колумбиски претседател Хулио Сезар Турбај и син на новинарката Дијана Турбај, која беше убиена во 1991 година за време на неуспешна операција за спасување откако беше киднапирана од картелот Меделин на Пабло Ескобар.
- Десничарските кругови на социјалните медиуми потсетуваат дека пред Урибе, во Еквадор беше убиен десничарскиот кандидат, Фернандо Виљавиченсио, во Бразил, десничарот Болсонаро беше избоден со нож а во САД Трамп преживеа два обида за убиство.
- Доналд Трамп потпиша претседателски меморандум со со кој се наредува распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес, за да се реши беззаконието за кое ги обвини неспособните демократски лидери на Калифорнија.
- Меѓу другото, Трамп забрани носење маски за време на протести.
- Министерот за одбрана, Пирт Хегсет порача дека е подготвен да испрати и активни маринци на терен ако на Националната гарда ѝ затреба помош во враќање на редот.
- Ова се случува откако операциите против илегалните мигранти на неколку локации во градот предизвикаа масовни протести и судири со мигрантската полиција.
- Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусам, рече дека потегнувањето на војската само ќе доведе до ескалација на немирите.
- Ова е прв пат американски претседател да го користи ова овластување од немирите во Лос Анџелес во 1992 година, кои избувнаа по ослободувањето на четворица бели полицајци обвинети за претепување на црниот возач Родни Кинг.