- Повеќе од еден месец трае молкот на неколку надлежни институции за неофицијалната информација на МКД.мк дека Беким Максути си изградил вила среде Шар Планина без никаква дозвола.
- Максути е истакнат член на ДУИ, актуелен директор на Дирекција за заштита и спасување, шеф на изборниот штаб на ДУИ за локалните избори за Тетово, заменик министер за одбрана, асистент професор на Универзитетот во Тетово...
- Нема одговор од општина Тетово, нема одговор од Националниот парк Шар Планина, нема одговор од Максути, само ЈП за стопанисување со пасишта рекле дека немаат дадено согласност за градба.
- Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, најави дека следната година ќе биде намалено производството на Сајбертракот, за да се фокусира на комплетно автономните такси возила.
- Електричната Годзила се произведува само во мега-фабриката на Тесла во Остин и засега нема најави дека производството може да биде преместено на други локации.
- „Конечно, иднината ќе изгледа како иднина,“ ентузијастички изјави Маск при лансирањето во 2023 година но возилото не ги исполни продажните надежи: во САД пречка за тоа беше електричниот погон а во Европа габаритот.
- Појавата на Сајбертракот како ретко која кола ги подели луѓето: на едни им беше екстремно грд, на други преубав од што е екстремно грд.