- По првичното, навидум пријателско однесување кон Македoнија, Бугарија отворено го покажа своето вистинско и лицемерно лице, коешто за оние што мислат со своја глава одамна беше повеќе од (пред)видливо.
- Сервилноста и неспособноста на нашите политичари, кои ги газат и се пазарат со најсветите белези на македонскиот народ и држава, ја користат бугарските политичари, и со негирањето на македонската самобитност и на нивната фашистичка улога во Македонија, се чаталат не само на домашната, туку се осилија и на меѓународната сцена.
- Интересно е тоа што грчкиот слоган „Македонија била, е и ќе биде грчка“, сега се присвојува од Бугарите со менување на придавката „грчка“ во „бугарска“, па за овaa нивна постапка може да се примени бугарската изрека на којашто Борисов го потсети нашиот поранешен премиер: дека на Бугаринот отпосле му текнува.
- Претставничкиот дом на Парагвај ја одби понудената оставка на претседателот Сантјаго Пења за да може да му го одземе имунитетот и да покрене импичмент во Сенатот, што најверојатно ќе заврши со обвинение и судски процес.
- Одземањето на имунитетот било акламативно, вклучувајќи ги и пратениците од неговата партија а на Пења му беше одреден куќен притвор.
- Незадоволни од тоа, демонстранти се собраа пред неговата резиденција, во еден моментиот ја пробија блокадата па Пења итно бил евакуиран во некоја воена база.
- Причина за скандалот е затворањето на најголемата дигитална банка, Уено, која беше ставена под управа на централната банка откако се утврди дека паднала под предвидениот минимум солвентност. Преку три милиони луѓе во Паргвај останаа без своите пари па дополнително ќе бидат обесштетувани.
- Долго откако беше избран на функцијата, претседателот Пења одржувал бизнис релации со сопственикот на банката, групацијата Веласкез.
- Уапсени се група директори во Уено а претстедателот на Централната банка, Карлос Каваљо поднесе оставка. Не е сигурно дека ќе помине само со тоа: поставен е таму пред три години од Пења откако беше прв човек на финансиската компанија која прерасна во Уено.
- Во српскиот дневен весник „Данас“ под псевдонимот „Пријател на студентите“ со месеци беа објавувани текстови со политички и правни совети до студентите блокадери (во периодот пред вонредните парламентарни избори), вклучувајќи предлози за стратегија, формирање експертска влада, отворање кон ЕУ и состав на Студентската листа.
- По изборите, авторот го обелодени својот идентитет: Александар Маршавелски, вонреден професор на Правниот факултет во Загреб но уште поважно, член на хрватскиот совет за граѓански надзор на безбедносно-разузнавачките служби на Хрватска.
- Маршавелски поднесе оставка на таа функција но обелоденуваето на неговиот идентитет ги подгреа сомневањата на довчерашните српски власти дека рушењето на Вучиќ било инструирано од странски центри.