- После речиси 40 години, затвора првиот легендарен дуќан на сендвичарница „Седмица“.
- Грчкиот конзулат од карши, со текот на времето стана амбасада а Седмица не го смени коцептот и вкусот со кој се баждареа генерации скопјани.
- Имаа падови и подеми но некои работи останаа фикс: брза услуга, пристојни цени и обилен хамбургер (плескавица, помфрит, кечапмајонез) со кој, кога ќе сфатиш дека си најаден, истовремено сфаќаш и дека допрва стигнуваш до пљеската.
- Семица останува еталон за добар, старовремски сендвич со плескавица, наспроти модерните бургери кои одат во височина, со доградби и дивоградби за чие опфаќање човек треба да има вилица ко на крокодил.
- „Со среќа понатаму и благодарам за сите спомени од младоста“, пишуваат скопјани.
- Украина го ограничи на два месеци времето што војниците може да го поминат на првата линија на фронтот. Потоа ќе следи задолжителна ротација во рок од еден месец. Уредбата вклучува и задолжителни медицински проценки и навремено обезбедување храна и муниција за персоналот на фронтот.
- „Целта на директивата е да се зачува здравјето и животот на војниците и стабилноста на одбраната, особено откако доминацијата на беспилотните летала ја прошири зоната на убивање“, објасни командантот на оружените сили, генералот Олександр Сирски.
- Директивата доаѓа само неколку дена откако на социјални мрежи беа објавени фотографии од исцрпени и ослабени војници од 14-та посебна механизирана бригада. Анастасија Силчук, сопруга на еден од војниците, објави дека седум месеци испораката на храна, вода, медицински материјали и гориво до нивната позиција доцнела по 7 до 14 дена.
- Максималните „смени“ на фронтот за украинските војници досега беа пропишани на 15 дена. Тоа речиси никаде не се почитувало. Според непотврдени извештаи, имало екстремни случаи на војници што биле цела година на позиција.
- Во студија на Канцеларијата на воениот правобранител се заклучува дека по 40 дена поминати во континуитет на фронтот, војниците честопати станувале рамнодушни кон преживувањето.