Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Обвинителството во Хаг бара 45 години затвор за лидерите на ОВК

9 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Хашкото обвинителство побара казна од 45 години затвор за поранешните водачи на ОВК - Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи, обвинети за воени злосторства на Косово и во Албанија во 1998 и 1999 година.
  • Обвинението ги товари Тачи, Весељи, Селими и Красниќи по 10 точки: прогон врз политичка и етничка основа, затворање, незаконско апсење и притворање, други нехумани дела, суров третман, присилно исчезнување, тортура (две точки) и убиство (две точки).
  • Во завршниот збор, главната обвинителка Кимберли Вест изјави дека доказите претставени на судењето покажале дека четворицата се кривично одговорни за смрт на најмалку сто жртви и за злоставување на стотици, што оправдува долги затворски казни за сите.
  • Обвинителката ги отфрли како „несигурни“ сведоштвата на седум меѓународни функционери, вклучувајќи ги генералот Весли Кларк и амбасадорот Кристофер Хил, во одбрана на првообвинетиот Тачи. Тие сведоштва се темелеле на „ограничено знаење“ на сведоците кои биле „падобранци“... на Косово и немале знаење за внатрешната организација на ОВК и нејзините операции на терен.
  • Од март 1998 до септември 1999 година, членови на ОВК извршиле злосторства против 407 затвореници, од кои најмалку 102 биле убиени. Во обвинението се идентификувани 75 жртви - 51 Србин, 23 Албанец и еден Ром.
извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Почина цајканот од сељаците

Музика
2

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
3

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
4

Готово, Мексико го освои Светското

Навивачи
5

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина
6

Реал не чека многу, го зема најдобриот тренер во Европа сезонава

7

Важна информација за битолчани

8

Португалија ја исфрли Хрватска во 94-та, драма со ВАР во 90+13

Фудбал
1

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
2

Важна информација за битолчани

3

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

4

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
5

Европски аеродроми и авиокомпании бараат суспензија на системот за влез/излез

6

Папата прогласи 600.000 верници за расколници

7

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

8

Македонија се фали колку пари двоела за НАТО

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Македонштина

Некој да ни го објасни овој магијски ритуал

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Дончо крај тунајт!

Роботот чиј муабет ќе ве замисли

Некогаш ни водителот не успева да си ја расипе емисијата

Амди версус Маја

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy