Федерален суд пресудил дека затворениците од Мичиген кои практикуваат јудеизам мора да добиваа чизкејк на нивен верски празник.
Затвореници јудеисти поднеле жалба дека затворот не ги почитува нивните верски слободи и не им дава кошер храна, онаа чие потекло и подготвка е во согласност со толкувањата на Тората.
Во тужбата се пожалиле и дека без чикејк не можат прописно да го прослават нивниот верски празник Шавут.
Мнозинство од 55% од швајцарските гласачи на референдум вчера го отфрлија предлогот за ограничување на вкупниот број на жители, како мерка против засилената имиграција.
Предлогот, поддржан од десничарската Швајцарска народна партија (SVP) предвидуваше дека населението не смее да надмине 10 милиони пред 2050 година. Ако ја премине таа граница, Швајцарија треба да ја укине слободата на движење со ЕУ.
Предлагачите, сепак, оценија дека резултатите се повик до властите да изработат мерки против имиграцијата. „Фактот дека над 40% од гласачите рекоа „да“ на оваа иницијатива е јасен сигнал дека политичарите мора да преземат акција“, изјави Стефани Гартенман од SVP.
Швајцарија има 9,1 милиони жители и нејзиното население расте многу побрзо отколку во околните земји на ЕУ. Странците сочинуваат речиси 28% од вкупниот број и официјалните проекции предвидуваат дека ќе достигне 10 милиони до почетокот на 2040-тите.
Предлагачите на референдумот во кампањата тврдеа дека 10% од имигрантите потребни квалификувани работници потребни за економијата и дека барателите на азил статистички се почесто вклучени во криминал и силувања.
Целосна демонтажа потврдува дека мобилниот телефон Trump Mobile T1 промовиран од претседателот Трамп е целосна копија на моделот HTC U24 Pro, кој од пред две години се произведува во Кина.
„Сè е исто, освен шемата на дупките во куќиштето“, заклучуват мајстори од порталот iFixit, кои го расклопиле телефонот до шрафче.
Оригиналот и копијата биле функционални дури и кога им биле заменети матичните плочи.
Цената на оригиналниот кинески телефон од средна класа е околу 470 долари (564 евра за европскиот пазар). Трамп го нудеше по привилегирана цена од 499 долари, за оние што платиле капар од 100 долари.
„Трамп Мобајл“ тврди дека добил 600.000 нарачки и се надева дека ќе продаде околу 30.000 телефони.