Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Левица: Спасовски ja штител станицата за технички преглед на автобусот на „Беса транс”

30 декември 2021
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Од Левица потсетуваат дека од МВР и од Оливер Спасовски нема коментар зошто станицата за технички преглед на компанијата „ВИА КОМЕРЦ Џемаљ“, во која бил регистриран автобусот на „Беса транс” и за која биле утврдени серија неправилности уште во август, добила решение за забрана на работата дури три дена по несреќата во ноември.
  • Покрај тоа што нестручни лица извршувале прегледи на возила, компанијата не водела регистар на прегледани возила. Сепак, предлогот за забрана за работа на станицата министерот Оливер Спасовски не го потпишал, за на 5 октомври во станицата да пристигне автобусот, кој во ноември беше причина за ужасна трагедија.
  • „Секојдневните одлуки на владиниот кадар и севкупната владина политика, се опасни по животите и здравјето на граѓаните и повикуваат на народна самоодбрана на физичкиот интегритет на секој поединец“, пишува во соопштението од Левица“.
извор

САД не го предупредуваат Киев за руски проектили

20 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • САД практично престанале навремено да ѝ доставуваат на Украина податоци за истрелани руски проектили, иако претседателот Зеленски изјави дека размената на разузнавачки податоци е обновена по краток прекин минатата недела.
  • Енергетската инфраструктура во Киев синоќа била погодена со два брана балистички проектили, ракети и дронови. За првиот бран Украинците не добиле никакво предупредување. За вториот предупредувањето стигнало една минута пред да удрат проектилите.
  • Украинската противвоздушна одбрана е немоќна без навремени информации од американски сателити, кои рано откриваат лансирање на руски ракети. На балистичките проектили им се потребни неколку минути од лансирањето до ударот во целта.
  • Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека „софтверски проблем во системот за рано предупредување“ спречил Украина да добие информации за одредени лансирања на руски ракети.
извор

Франција воведе полициски час

20 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Француските власти воведоа полициски час во повеќе градови за да ги спречат немирите, откако за време на викендот беа вандализирани продавници и беа запалени владини згради.
  • Во неколку населби во Париз се забранети демонстрации од 20 часот до 6 часот, а полицискиот час е на сила од 23 часот. Во Марсеј е воведена забрана за собири од пладне до 20 часот.
  • Во саботата, кога протестите беа најнасилни, беа повредени над 1.000 полицајци и беа приведени повеќе од 2.300 луѓе. Министерот за внатрешни Лоран Нуњез призна дека полицијата „изгубила контрола“ врз немирите во неколку градови, иако на терен биле распоредени 60.000 полицајци и жандарми. Понудил оставка, но претседателот Макрон ја одбил.
  • Премиерот Себастијан Лекорну не ја исклучи можноста за прогласување вонредна состојба или за активирање на членот 16 од францускиот Устав, кој на претседателот му доделува „вонредни овластувања“. Поранешниот премиер Габриел Атал, кој е претседателски кандидат на центарот за изборите следната година, побара да се ангажираат вооружените сили.
  • Разузнавачките служби ја предупредиле владата оти левичарски политички групи би можеле да се обидат да ги попречат претседателските избори следната година. „Екстремно левичарско движење се обидува да ги вкорени нередите сè до претседателските избори“, изјави Лекорну.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Боже, дај ми знак

Разно
2

Нова црногорска епика

Балканштина
3

Едно академско прашање

Балканштина
4

Париз гори, а има и кој да се чешла

Забава
5

Приказна на денот

Забава
6

Богати и славни

Македонштина
7

Суптилни разлики во облекувањето

Видео
8

Ние би му ставиле петка

Балканштина
1

Од март камери ќе наплаќаат патарина во Хрватска

2

Мрзливата Европа го преспа подемот на Индија и Кина

Бизнис
3

Маск чести: По 1 акција од SpaceX за секое дете во САД

4

Книгата која Западот одбива да ја прочита

Мислења
5

Администрација: Два кеца за црвен картон

6

Обвинет за лажен исказ, вештак продолжил да сведочи за „Пулс“

7

Никола Димитров и македонското искуство за „пократок пат до ЕУ“

8

ББЦ Државна

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Балканштина

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина

Ние би му ставиле петка

Балканштина

Изгубени во подесувањата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кој тоа таму носи закони?

Македонија Вајерлес 2.0

Квадратура на бирократскиот круг

Како Iron Maiden заработи од пиратите

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy