- Меѓународната агенција за енергетика ги прифати сугестиите од САД и ја отстрани од своите приоритети загриженоста поради климатските промени.
- Во завршниот документ на конференцијата во Париз се наведува дека главните приоритети на ИЕА се енергетската безбедност, отпорноста, критичните минерали и електроенергетските системи.
- Американскиот министер Крис Рајт завчера ја повика агенцијата да се откаже од моделирањето на сценарија со нето-нула емисии и да се фокусира на традиционалната енергетска безбедност. Тој предупреди дека во спротивно САД ќе го преиспитаат своето членство во агенцијата на која ѝ полнат 14% од буџетот.
- На претходната министерска конференција пред две години, како „врвен приоритет“ на ИЕА беше истакнато справувањето со климатската криза и постепеното укинување на фосилните горива.
- „Не треба да го споредуваме денешниот заклучок со тој од пред две години, бидејќи во меѓувреме се променија толку многу работи“, изјави холандската министерка за клима Софи Херманс, која претседаваше со состанокот.
- Талибанските власти дале нова директива жените во Авганистан да не бидат ословувани по име, туку по прекари.
- Здравствените работници во провинцијата Балх добиле насоки да ги запишуваат жените како „биби“ (баба) кога им издаваат рецепти за лекови.
- Лала Османи, авганистанска активистка која живее во Германија, изјави за „Ел Паис“ дека Талибанците ги ословуваат жените како „кози“ и „крави“. Во официјалните документи често пати се регистрираат според имињата на нивните мажи или татковци.
- Во многу делови на Авганистан, јавното спомнување на име на жена се смета за навреда за честа на нејзиниот сопруг или семејството, поради што имињата не се врежуваат ни во надгробните споменици.
- Ова се надоврзува на новиот кривичниот законик со кој на мажите им се дозволува да ги тепаат своите жени и се озаконуваат браковите со деца.
- Лидерот на австриската десничарска опозиција ги повика ЕУ и Австрија да ги депортираат сите нелегални мигранти во Украина кога ќе заврши војната со Русија.
- Би ги испратиле и Сиријците и Авганистанците, не само украинските бегалци кои беа згрижени низ Европа.
- Херберт Кикл истакнува дека на овој начин Киев би им се оддолжил на европските земји за обемната финансиска поддршка што ја добиваа од нив.
- „ЕУ и Австрија вложија стотици милијарди во Украина. Ако оружјето таму стивне, крајно време е да се бара нешто за возврат“, изјави лидерот на Партијата на слободата.
- Тој тврди дека Киев би имал полза од оваа шема, бидејќи Украина е соочена со демографска криза, а мигрантите би можеле да помогнат во повоената обнова на земјата.