Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Ќе гласаат ли само Американци на изборите во САД?

12 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Претставничкиот дом на САД го усвои законот со кој се бара граѓаните да го докажат своето државјанство со пасош или извод од матичната книга на родените за да се регистрираат за гласање. Сегашниот закон бара од гласачите да го потврдат своето државјанство под заклетва.
  • Според новиот закон, Американците ќе мора да се легитимираат со документ со фотографија издаден од државата за да гласаат на избори. Во гласовите испратени по пошта ќе треба да приложат копија од личен документ со фото.
  • „Тоа е здрав разум. На Американците им е потребна лична карта за да возат, да отворат банкарска сметка, да купат лек за настинка, да побараат владина помош... Зошто гласањето би било поинакво?“, изјави спикерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон.
  • Сепак, законот може да заглави во Сенатот, каде на опозициските демократи им се потребни 41 глас (имаат 47) за да го блокираат со вечно одлагање. Демократите тврдат дека гласањето на лица кои не се државјани веќе е „нелегално и многу ретко“.
  • Анкета на центарот Пју во август покажа дека 83% од Американците се за легитимирање на гласачите со лична карта со фотографија. За тоа се определиле и 71% од демократите и 76% од Афроамериканците, за кои либералните активисти тврдат дека ќе бидат погодени од новите правила.
  • Организацијата Southern Poverty Law Center проценува дека 21 милион Американци немаат ниту пасош ниту извод од матичната книга на родените.
извор

Cineplexx се простува од Иван Хиниќ

16 ноември 2026
  • Share
  • Post
извор

Хаг ја запре истрагата за американски злосторства во Авганистан

16 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
  • Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
  • Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
  • САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
  • Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Кој ќе го замени Перо??

Македонски рулет
4

Цена на злото

Балканштина
5

После победата доаѓаат прашања

Мешано
6

Од животот на еден тезгарош

Балканштина
7

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

8

Во потрага по ново „шуто и рогато“

Македонски рулет
1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

4

Сенатор: Убавината е да им плаќаме на Украинците да убиваат Руси

5

Јакуза изгуби битка со јапонската бирократија

Занимливости
6

Рубио го истера Хуанг подалеку од Трамп

Свет
7

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

8

Хаг ја запре истрагата за американски злосторства во Авганистан

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Балканштина

Потопување Мисици

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Каков градоначалник, таков чадор

Како ЕКВ, Партибрејкерси и Електрични оргазам ѝ покажаа среден прст на војната

ТВ носталгија

Прв референдум во светот за НАСА, квантна физика и лек за рак

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy