Рокот на Фајзер вакцините истекол на 31 декември, но истите продолжуваат да се аплицираат.
Медицинските лица на вакциналните пунктови уверуваат дека добиле дозвола од компанијата, а и од македонското регулаторно тело за лекови МАЛМЕД, дека вакцините се добри и можат да се користат три месеци и по истекот на рокот.
Американските власти почнаа повторно да го користат правото на „принуден откуп“ на приватни имоти за да овозможат изградба на огромните центри за податоци од кои се напојува вештачката интелигенција.
Анкети покажуваат дека дури 70% од Американците не сакаат близу нивните домови да се градат огромни погони, кои трошат струја и вода како цели градови, и затоа одбиваат да им продадат свој имот на технолошките гиганти и енергетските компании кои спроведуваат далноводи и поставуваат трансформатори.
Владата им е последната можност на инвеститорите да обезбедат локации за изградба, бидејќи може да ги прогласи центрите за критична инфраструктура - слично како и силосите за проектили од времето на Студената војна, и да го искористи своето право на принуден откуп на имот за јавни цели.
Петтиот амандман на Уставот бара од владата да му обезбеди на сопственикот на земјиштето „праведен надомест“, кој генерално се заснова на фер пазарната вредност на сличен имот во локалната област.
Во 2024 година, центрите за податоци учествуваа со приближно 10–20% во потрошувачката на електрична енергија во САД, а оттогаш тој процент е значително зголемен. Гигацентарот Хиперион на компанијата Мета во Луизијана, на пример, ќе троши три пати повеќе енергија отколку целиот Њу Орлеанс.
Аналитичари од ЦИА оцениле дека тактиката на претседателот Трамп да ги засили бомбардирањата врз Иран нема да го скрши отпорот на раководството во Техеран и нема да го принуди да ги повлече своите цврсти позиции на евентуалните преговори.
„Иранската влада има еден главен приоритет, а тоа е сопствениот опстанок, и докажа дека е подготвена да прифати огромна казна за да се заштити. Овој режим е изграден за да издржи воен притисок, кој би скршил власт во секоја нормална држава“, се предупредува во разузнавачки извештај што протече до јавноста преку Вашингтон пост.
Аналитичарите заклучиле дека САД и Иран засега се заглавени во бескраен циклус помеѓу напади и примирја. Бомбардирањето не води до политичка предност. Понатамошна ескалација, како копнена инвазија, е опција која е длабоко непопуларна за Американците затоа што ризикува многу повеќе американски жртви, а нема гаранции дека би била успешна.
Новиот разузнавачки извештај е изготвен главно од офицери на ЦИА. Проценките не се конкретни предвидувања за иднината, туку пресек на тековните и веројатните идни трендови, врз основа на сите достапни разузнавачки податоци и материјали.
Заклучокот од претходната проценка во мај беше дека Иран може да издржи поморска блокада од САД најмалку три до четири месеци пред да се соочи со посериозни економски тешкотии.