- На 85 години почина Филип Давид, српско-еврејски писател, есеист, драматург, сценарист, професор по драматургија на српскиот ФДУ...
- Делата му се преведувани на многу јазици а како сценарист и драматург работеше на филмовите Окупација во 26 слики, Падот на Италија, Буре барут, Кој тоа таму пее, Посебен третман....
- Беше близок пријател со Пекиќ, Киш, Мирко Ковач, Видосав Стевановиќ...и основач на Белградскиот круг, група интелектуaлци кои беа против националистичките и воинствени политики во Србија и екс-Југославија.
- Наместо за неговите книги, Светисав Басара повеќе сакаше за него да зборува како за единица мерка за отпорност (1фД) против разорните сили на полудивјаштвото, чемерот, јадот, бедата, нискоста, расипаноста и безрбетноста.
- Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, потенцира дека уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот како државотворен народ не е единствениот услов за почеток на преговорите со ЕУ.
- Вели дека барањата не се бугарски билатерализирања на процесот на проширување на ЕУ, туку дека се работело за „европски консензус“.
- Тука се протоколите, патната карта за заедниците и малцинствата, придржувањето кон договореното за доброседството…набројува шефот на бугарската дипломатија.