- Поранешната шефица за продажба на БХ Телеком, Алма Маглиќ е осудена на 4 години затвор заради злоупотреба на функцијата и несовесно работење.
- Таа ќе треба да врати и 1,2 милиони конвертибилни марки, колку што е проценета штетата која ѝ ја нанела на компанијата.
- Кај нас Петар Гошев неодамна во детали раскажа како и под чие сè политичко покровителство се одвивалo собирањето на телекомуникацискиот кајмак и, нормално, ништо.
- Државниот секретар Марко Рубио ги отфрли шпекулациите дека размислува да ја напушти администрацијата на Трамп, со цел да ги задржи шансите за сопствена кандидатура за претседател во 2028 година.
- Според извори на Блумберг, Рубио веќе разговарал со претставници во Белата куќа и бил замолен да остане.
- „Отсекогаш ми беше план да работам за Трамп до крајот на неговиот мандат. Ја сакам работата“, изјави Рубио во интервју за „Њујорк тајмс“.
- Белата куќа и Стејт департментот синоќа го отфрлија извештајот на Блумберг како „лажна вест“.
- Рубио упорно одбива да одговори на прашањата дали планира да се кандидира за претседател на изборите во 2028 година. Неколку пати досега јавно го поддржа потпретседателот Џ.Д. Венс: „Тој би бил најдобриот кандидат“.