Вести › Набрзинка
Блер, Рубио, Виткоф и Кушнер во Одборот за мир во Газа
- Поранешниот британски премиер Тони Блер, американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалните мировни пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на Трамп, се потврдени како членови на Одборот за мир во Газа, кој треба да ги надгледува примирјето и обновата во транзицискиот период кон траен мир. Учеството на Блер во одборот беше неизвесно поради неговата улога при воената инвазија врз Ирак во 2003 година.
- „Одборот за мир ќе игра суштинска улога во исполнувањето на сите 20 точки од (мировниот) план на претседателот Трамп. Ќе овозможува стратешки надзор, ќе мобилизира меѓународни ресурси и ќе обезбедува одговорност додека Газа преминува од конфликт во мир и развој“, објави Белата куќа.
- Веќе беше објавено дека претседател на Одборот за мир е Доналд Трамп, а генерален секретар е бугарскиот дипломат Николај Младенов, поранешен висок претставник на ОН за Блискиот Исток. Одлуките на теренот ќе ги спроведува технократски комитет предводен од поранешниот палестински вицепремиер Али Шаат.
- Трамп завчера објави дека почнува втората фаза од неговиот план за Газа, иако групата Хамас се уште не се согласила да го предаде оружјето.
- Наскоро во регионот треба да бидат испратени и Меѓународни сили за стабилизација, за да ги обучи одобрените членови и офицери на идната полиција. Шеф на ИСФ е американскиот генерал Џаспер Џеферс.
Германија ја натера Тојота да исклучи греење кај Лексуси
-
Портпаролот на Тојота, Ралф Милер, потврди дека функцијата за претходно загревање на автомобилот додека е паркиран - бесплатна преку апликациите MyToyota или Lexus Link Plus - сега е деактивирана кај возилата со мотор со внатрешно согорување низ цела Германија.
-
Причината? Законодавците го сметаат далечинското загревање на моторот за „непотребно работење“ што создава непотребно загадување со издувни гасови, а Тојота ја оневозможиле функцијата „за да го заштитат корисникот на возилото од казни“.
-
Функцијата останува активна на чисто електрични возила и плаг-ин хибриди, каде што греењето на внатрешноста работи без да се стартува моторот со внатрешно согорување.
-
„Вашиот луксузен автомобил штотуку стана најновото бојно поле во климатските војни во Европа, каде што бирократите одлучуваат кои копчиња ќе работат во вашето возило. Вистинското прашање не е дали далечинското стартување намоторот предизвикува загадување - туку дали сè уште ги поседувате карактеристиките што сте ги купиле“, пишува Алекс Бариентос.