- Канал 4 купил слика од Адолф Хитлер и ќе дозволи публиката во студио да одлучи дали Џими Кар би требало да ја уништи.
- Телевизиската емисија “Џими Кар уништува уметност“, најавена за идниот месец, пред да земе да ништи ќе се бави со тоа дали е можно едно дело да се одвои од создавачот.
- Програмскиот директор на телевизијата, Иан Катз, вели дека емисијата е во линија со долгата „иконокластичка и пркосна“ традиција на Канал 4, каде еднаш е видена и обдукција во живо, како и луѓе што се дрогираат во програма.
- “Овој тип на програма е тежок и скап, и веројатно не го следи урнекот на рационалниот, комерцијален пристап“ додава тој.
- Не септемвриската листа должници на УЈП на врвот се три скопски фирми. Овој месец, најмногу должи компанијата „Хант осој трејд“, регистрирана во Скопје – 14,87 милиони евра.
- „Не поседува движен и недвижен имот. Има присилна наплата од парични средства. Утврдена е даночна гаранција, во тек се мерки за наплата од даночен гарант“, велат од УЈП за фирмата.
- Сличен износ должи уште една скопска фирма, регистирана во Визбегово – „Окитна трејд“, трета е компанијата „Лисав“, исто така регистрирана во Скопје.
- Оваа должничка листа се однесува на долговите што требало да се намират до 31 мај, а не биле регулирани ниту до 31 август. Се работи за обврски што произлегуваат од ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојните вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за компаниите и институциите, пренесува Слободен печат.
- Организацијата Big Brother Watch открива дека помеѓу 2021 и 2025 година биле уапсени 62.199 лица за дела поврзани со слободата на говорот, што претставува приближно 34 апсења дневно.
- Од нив, најмалку 18.500 лица биле обвинети, а 12.292 биле осудени. Наодите се базираат на барања за слободен пристап до информации.
- Групата открила и големи географски разлики во спроведувањето. Полицијата во Камбрија регистрирала околу 25,7 апсења на 10.000 жители во текот на пет години, во споредба со само 1,9 во соседната Нортумбрија.
- Big Brother Watch тоа го нарекува „Лотарија на поштенските кодови“.