Вести › Набрзинка
Четири друштва во сопственост на државата должат 2,4 милијарди евра
-
Јавното претпријатие „Државни патишта“, инаку инвеститор кога станува збор за проектот со изградба на автопатите на Коридор 8 и Коридор 10д, како и на автопатот Кичево - Охрид, но и други важни магистрални делници, има вкупни обврски од 1,64 милијарди евра.
-
АД „Номагас“, операторот на системот за пренос на природен гас и наедно инвеститор на изградбата на гасниот интерконектор со Грција, како и на изградбата на магистралната мрежа, има вкупни обврски од 189 милиони евра.
-
Македонски железници - Инфраструктура е јавното претпријатие кое ја гради пругата од Коридорот 8 кон Бугарија и најверојатно ќе биде инвеститор во најавената изградба на брзата железница која ќе треба да ги поврзе Белград и Солун. Вкупните обврски засега изнесуваат 186 милиони евра.
-
АД ЕСМ има задолжувања кај домашните банки и долг кон меѓународните кредитори за исполнување на „зелената агенда“ во вкупен износ од 410 милиони евра.
-
Од овие четири друштва се очекува во иднина да донесат каков-таков развој или стабилност на инвестициите, пишува Фактор.