- „Ако уште утре не ги смените протоколите за изолација на контактите со ковид болни и не го намалите времето за изолација на позитивните, на 10 јануари ќе нема кој да работи во државата“, напиша д-р Беќаровски на Фејсбук.
- Докторот проценува дека ако денес имавме 1 197 позитивни со регуларно направени тестови, сигурно има уште 5 000 кои се самотестирани и 25 000 недијагностицирани.
- „Добрата вест е што до крај на февруари ќе направиме колективен имунитет и за 8 март ќе може пак да играте чочеци“, додава тој.
- Истражувачи од израелскиот универзитет Технион успеаја првпат во реално време да регистрираат оптички фазни сингуларитети - точки на тотална темнина во сноп светлина, што се движат побрзо од самата светлина.
- Бидејќи овие точки не носат маса или информации, нивното движење не ја нарушува Ајнштајновата теорија за релативност.
- Користеле напреден електронски микроскоп и материјал (hexagonal boron nitride) за забавување на светлосните бранови (над сто пати побавно отколку во вакуум), забавување кое им дало можност да испитуваат настани кои инаку би биле пребрзи и премали за следење.
- Доналд Трамп вчера го претстави подарокот од Катар вреден 400 милиони долари – новиот и луксузен авион за службената флота на претседателот на САД.
- „Ова е најлуксузниот авион во светот. Изграден е на ниво кое веројатно никогаш повеќе нема да се види“, изјави Трамп откако се прошета низ авионот.
- Новиот Ер форс 1 е многу поголем од претходните. Во основа, тој е „боинг 747-8“ конструиран за катарското кралско семејство, преуреден за потребите на претседателот на САД. Ентериерот изобилува со кожни гарнитури и златни декорации, патриотски слики и огромни екрани.
- Пред да може претседателот да го користи за службени патувања, авионот треба да помине „завршен испит“ за проверка на обуката на пилотите и на ефикасноста на системите.
- Пентагон во октомври изнајми од Луфтханза авион „Атлас Ер 747-8“, а потоа купи друг само за да може да се обучат пилотите и екипажот.