Време на подготовка:
5 мин.
Време на готвење:
25 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
2 лица
Состојки
- 6 раздвоени пилешки крилца
- 1 лажица масло
- 2 лажички мајчина душица
- 1 лажичка црн бибер
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка магдонос
- 1 лажичка вегета
- 1 лажичка свеж сецкан кориандер
- 1 лимон (или лимета)
Подготовка
Загрејте ја рерната на 220 степени.
Во еден сад измешајте ги пилешките крилца со 1 лажица масло и сите зачини освен кориандерот. Замотајте ги крилцата во алуминиумска фолија и ставете ги врз плех за печење. Печете ги во загреана рерна 25 минути.
Послужете ги крилцата топли, зачинети со свеж сецкан кориандер и кришки лимон.
Пријатен апетит!