Тестении

Пилешко со тестенини и бадеми

Вкусен рецепт за тестенини со потпечени бадеми, пармезан и пилешко.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 250 гр. чери домати
  • маслиново масло
  • 320 гр. макарони
  • 250 гр. пилешки гради, ситно сецкани
  • 4 тиквици, рендани
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица лимонов сок
  • 2 лажички рендана кора од лимон
  • 40 гр. сецкани печени бадеми
  • 2 лажички ситно сецкано нане
  • 4 лажици рендан пармезан

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Печете ги доматите 10-12 минути во плех намачкан со малку масло.
Згответе ги макароните според упатството и процедете ги.
Во меѓувреме во тава со малку масло на посилен оган испржете го пилешкото на два пати, по 4-5 минути, додека да добие златно жолта боја.
Загрејте масло во тава на силен оган и испржете ги тиквиците со лукот 3-4 минути. Додадете сок од лимон и кора од лимон и гответе уште 1 минута.
Во длабок сад префрлете ги макароните и измешајте ги со пилешкото, тиквиците, пармезан и бадеми.
Сервирајте ги тестенините во чинии со гарнир потпечени домати.

28 февруари 2013 - 07:00