Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 6 парчиња сланина
- 1 кромид, ситно сецкан
- 1 зелена пиперка, сецкана
- сол
- 50 гр. брашно
- 2 лажици црвен пипер
- 1/2 лажичка мајоран
- 750 гр. пилешки карабатаци, исчистени од коските
- 400 мл. пилешка супа од коцка
- 250 гр. тестенини по желба
- 100 мл. павлака
- 2 лажици сецкан магдонос
Подготовка
Тестенините сварете ги во тенџере со зовриена вода и малку сол, според упатството на ќесата. По варењето исцедете ги од водата.
Додека се готват тестенините пропржете ја исецканата сланина во едно тенџере на среден оган, 2 минути. Додадете кромид и пиперка и гответе со мешање уште 3 минути. Во еден сад измешајте го добро пилешкото, исецкано на парчиња, со брашното, сол, црвен пипер и мајоран. Потргнете ја сланината, кромидот и пиперката малку на страна во тенџерето и додадете го пилешкото. Зголемете ја малку јачината на ринглата и 6 минути пржете го пилешкото додека да добие светло кафеава боја. Потоа измешајте го пилешкото со сланината, кромидот и пиперката и гответе ги 2 минути. Додадете ја готовата пилешка супа од коцка и кога ќе зоврие намалете ја јачната на ринглата на потивко. Гответе го пилешкото околу 10 минути. На крај додадете ја павлаката и сецканиот магдонос и гответе го уште две минути.
Послужете го пилешкото топло, заедно со тестенините.
На здравје!