Сакате пица?

Пица со пилешко

Вкусен рецепт за пица со пилешко, моцарела, рузмарин и лук.

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
1 ч. 10 мин.

Порции

2 лица

Состојки

  • 1 замрзнато тесто за пица
  • 60 мл. маслиново масло
  • 1 лажица рузмарин
  • 1 лажица оцет
  • 1/2 лажичка сол
  • 700 гр. пилешки гради
  • 2 чешниња лук, сито сецкан
  • 400 гр. моцарела сирење
  • 50 гр. рендан пармезан
  • 200 гр. цитно сецкан спанаќ
  • 100 гр. чери домати

Подготовка

Во длабок сад измешајте 50 мл. маслиново масло, рузмарин, оцет и сол. Во оваа смеса додадете ги пилешките гради и добро промешајте ги за да се облијат со маринадата. Покријте го садот и оставете го да одстои во фрижидер 2 часа.
Исецкајте го пилешкото на помали парчиња и испржете го во тава на среден оган додека да добие светло кафеава боја.
Во меѓу време загрејте ја рерната на 200 степени. Исецкајте го моцарела сирењето.
Во тава пропржете го сецканиот лук со остатокот од маслиновото масло на среден оган околу 1 минута. Ставете го тестото во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте го тестото со пржениот лук. Исецкајте го моцарела сирењето. Рамномерно распоредете го врз тестото половина од моцарела сирењето. Додадете го сецканиот спанаќ, пилешкото месо и сецкани чери домати. Врз нив додадете го остатокот од моцарела и ренданиот пармезан.
Печете ја пицата во загреана рерна 40 минути додека кората да добие златно жолта боја. Послужете ја веднаш.

28 август 2012 - 07:00